Енергетска ефикасност, заштеда на енергија.
LLumar фолиите ги намалуваат трошоците за греење и до 15%
Значителна заштеда. Брзо исплатливо. Мудра инвестиција.
Фолиите на LLumar за заштеда на енергија (клима фолии), можат да засилат перформансите на било која стаклена површина значително редуцирајќи ја потрошувачката на енергија. Стручни ревизори од областа на енергетиката проценуваат дека во згради модифицирани со клима фолии од CPFilms може да се зголеми енергетската ефикасност на годишно ниво и до 15%, се обезбедува поефикасна климатизација и намалување на емисијата на CO2 во воздухот. Вложувањата може да се вратат и во рок до 3 години.
Дали Вашата зграда е енергетски ефикасна?
Сончевата енергија која навлегува преку прозорските стакла причинува една третина од оптеретувањето на системот за ладење, а скоро 75% од постоечките прозори не се енергетски ефикасни. LLumar нуди Energy Audit process (процес за контрола на енергијата) кој го користи широко прифатениот програм за анализа на енергијата кај зградите DOE-2 да анализира на кој начин LLumar клима фолиите ја зголемуваат енергетската ефикасност со цел обезбедување значителна заштеда и брза исплатливост. LLumar Energy Audit process е единствен инструмент во оваа идустрија кој независно е верифициран од страна на најголемата светска енергетска усложна компанија.
CPFilms во соработка и со помош на „Johnson Controls“, независна консултантска компанија за енергија која ги изврши потребните тестови врз чија основа е установено следното: на зградата не се правени никакви промени освен што се монтирани LLumar клима фолии, а на доле прикажаниот дијаграм се представени и јасно се гледаат резултатите од тестот кои недвосмислено ја потврдуваат ефикасноста на фолијата и нејзиниот допринос за заштеда на енергија.
До неодамна клима фолиите најчесто се употребуваа за заштеда на енергија преку намалување на оптеретувањето врз системот за ладење за време на високите летни температури. Благодарение на новата заштитена Low-Е (ниско-Е, Е – коефициент на пропустливост на топлината) технологија се произведени нови изолациони LLumar EnerLogic фолии, со чија примена се зголемува енергетската ефикасност во зимскиот период. Тоа е резултат на тоа што овие фолии го зголемуваат изолациониот коефициент на стаклото дури и за 40%. Повеќе информации за EnerLogic изолационите фолии на LLumar видете на страната www.ablakfolia.infо
Како функционира фолијата за рамни стаклени површини?
Направени од издржлив повеќеслоен полиестер и поврзувачки слоеви, LLumar клима фолиите:
- Го намалуваат сончевото загревање и до 85%
- Блокираат 99% од УВ зраците
- Создаваат комфорна средина и чувство на луксуз кај патниците намалувајќи ги топлината и отсјајот
- Изолационите (Low-E) фолии ја подобруваат изолацијата со што влијаат врз годишната заштеда
Спецификација на карактеристики >>>
>> повеќе за автомобили >> повеќе за градежни објекти
>> повеќе за автомобили >> повеќе за градежни објекти
>> повеќе за автомобили >> повеќе за градежни објекти
1000 Скопје, Р.Македонија
02 244 3883, 078 305 228
info@folii.mk
Понеделник - петок: 8:30 - 4:00
Сабота: 9:00 - 2:30
Менаџер за инсталација
Горан Антиќ
078 305 228
goran@folii.mk
FoliWorld on Facebook