Зошто Llumar

Најдобар начин за избор на доверлив бренд за фолии

На светскиот пазар, како и на пазарот во Македонија, ни се нудат и такви производи за кои не сме сигурни дека вредат колку и парите што можеби би ги вложиле за нив. Купувачот кој не е доволно упатен тешко може да процени од кој брендови (марки) се доверливи, долго присутни на пазарот, а да бидат сигурна инвестиција. Фолиите со лош квалитет во период од 1 до 2 години, па дури и во период од неколку месеци, губат од својот квалитет а купувачот понекогаш тоа и не го приметува, меѓутоа таквите фолии ни приближно не ја исполнуваат функцијата за која се наменети. Поставете си го основното, суштинско прашање „што всушност сакате?“ и ќе дознаете кој бренд е доверлив и што се стои зад рекламите, а затоа Ви предлагаме да побарате одговори во врска со сите брендови пред дефинитивно да изберете. Запрашајте се:

  • Кој е производител на фолиите?
  • Дали производителот/дистрибутерот е член на некоја меѓународна организација од оваа гранка на индустријата?
  • Кои се гарантирани термини за испорака и кој е овластен да издаде гаранција?
  • Кои и какви карактеристики (показатели за квалитетот) ви презентира дистрибутерот?
  • Кој ќе ја изведе инсталацијата на фолиите?
  • Каква потврда за квалитет на фолијата ќе добиете?

Кој е производител на фолиите?

Денеска во светот постојат повеќе стотини производители на фолии. Во Кина и Кореа скоро на секој чекор може да се најде „погон“ за производство на фолии. Од споменатите повеќе стотини „производители“, само 5-6 се фирми кои на професионално ниво се бават со производство на фолии, располагаат со соодветни средства и користат квалитетни сировини и репроматеријали, а со цел да произведуваат квалитетни и трајни фолии. Ако знаеме кој е производител на одреден бренд (марка), може да дојдеме до детални информации и сознанија за даден производ. Во повеќето случаи, местото каде се одвива производството не запознава со фактите за материјалот и квалитетот. Општо земено, квалитетот на материјалите со потекло од Азија т.е. од истокот, честопати е проблематичен.

CPFilms Inc е производител на LLumar производите, а е дел од коорпорацијата Solutia Inc. Фолиите се произведуваат во Соединетите Американски Држави и во Велика Британија (Англија) и тоа под многу строг надзор и контрола.

Дали производителот/дистрибутерот е член на некоја меѓународна организација од оваа гранка на индустријата?

Секој поголем производител на фолии е член на EWFA (European Widow Film Association – Европска Асоцијација за Прозорски Фолии). Споменатата Асоцијација за своите членови има поставено прилично строги барања во врска со квалитетот како и етиката, со цел да крајниот потрошувач добие гарантирано квалитетен производ. Листата на членови можете да ја видите на веб страницата на оваа Асоцијација.

CPFilms Inc, производителот на LLumar производите, е член на организацијата EWFA. Дистрибутерот на овие производи за југоисточна Европа исто така е член на Европската Асоцијација, а воедно е и представник на европските дистрибутери во директоријатот на EWFA.

Кои се гарантирани термини за испорака и кој е овластен да издаде гаранција?

Термините за гаранција се важни но не се и секогаш веродостојни, затоа што не е сеедно кој ја дава гаранцијата, бидејќи гаранцијата може да се однесува на гарација од брендот (марката), на гаранција од дистрибутерот, како и на фабричка гаранција. Гаранцијата од дистрибутерот и гаранцијата од брендот сами по себе не вредат ништо доколку покрај нив не постои и фабричка гаранција. Поедини марки и дистрибутери може да исчезнат од денес до утре, што неодамна и се случи со повеќе фирми. Много помали се шансите да престане постоењето на водечкиот производител на фолии, а без правен наследник! Изберете ИСКЛУЧИТЕЛНО само таков бренд (марка), чии производител е познат, и фабричката гаранција е обезбедена.

За гаранцијата на LLumar производите дополнително гарантира Solutia Inc., предпријатие вредно 4 миљарди долари. Дистрибутерите на LLumar се овластени да на крајниот потрошувач му понудат и обезбедат гарантни рокови и услови кои се објавени и презентирани исклучиво од страна на фабриката.

Кои и какви карактеристики (показатели за квалитетот) ви презентира дистрибутерот?

Многу дистрибутери прикажуваат такви референци (показатели за квалитетот), кои залажуваат или не се веродостојни. Имајте доверба само во оние производители, кои користат подадоци согласно европските стандарди EN410 и EN673, а истите ги означат односно прикажат на објавен материјал. Многи дистрибутери прикажуваат ИР (инфра ред) податоци кои залажуваат и кои даваат погрешен приказ бидејќи не постои стандард за мерење на ИР податоците, така да секој производител сам одлучува на која „бранова должина“ ќе ги врши мерењата (а кои секако него му одговораат), тоест кај секој конкретен производ може да дадат оптимални резултати. Во случај на топлотна заштита, TSER (Total Solar Energy Rejected – Вкупно Одбиена Сончева Енергија) или SHGC (Solar Heat Gain Coefficient – Коефисиент на Сончевото Топлотно Дејство, пружаат веродостојна можност за споредување помеѓу производите. Прочитајте ја студијата објавена од страна на Научната Академија во Сегедин. Доколку имате дилеми во врска со AIMCAL (Association of International Metallizers,  Coaters and Laminators) или EFWA, многу работи ќе Ви станат појасни.

Секој LLumar производ се мери и контолира со со примена на гореспоменатиот EN стандардшто е потврдено и во наутрални лабаратории. CPFilms Inc., во својство на производител на LLumar производите, не ги користи ИР податоците бидејќи се недоверливи и може да доведат до заблуда, а покрај тоа и не може да се поврзат со соодветните стандарди.

Кој ќе ја изведе инсталацијата на фолиите?

За секоја инсталација (мотажа) на професионални фолии, се препорачува и професионална реализација. Неопходно е да проверите дали лицата кои ќе ја изведат монтажата располагаат со положен стручен (фабрички) испит и дали се овластени за монтажа на фолиите. MABISZ, или Слушбена (официјална) Дозвола за Промет, издава само за такви производи чија монтажа ја изведува стручно лице кое располага со соодветен фабрички сертификат.

Монтажата на LLumar производите ја изведуваат искључиво строчно оспособени лица кои поседуваат фабрички сертификат. Проверете пред да се одлучите дали изведувачот (монтерот) го поседува споменатиот сертификат. Ова може да го направите со контрола на сертификатот во работните простории на изведувачот, која треба да биде истакната на видно место, или со помош на овластениот застапникна LLumar за југоисточна Европа gal@llumar.hu

Каква потврда за квалитет на фолијата ќе добиете?

Потврдата сама по себе нема да направи разлика помеѓу материјал со добар или лош квалитет. Секако, доколку не добиеме никаква потврда тогаш дадената марка е сигурно неприфатлива. Следејќи ги одговорите и препораките за горе поставените прашања, може да бидете сигурни дека ќе добиете квалитетен материјал. Потврда за LLuamar производите може да издава искључиво изведувачи (инсталери) кои имаат положено стручен испит. За автомобилските фолии, во Унгарија (на пример) се издаваат посебни, уникатни пластифицирани картички кои поседуваат заштитни елементи, а кои ја потврдуваат строчната обученост за LLumar производите.

Се надеваме дека со помош на овие препораки и совети ќе успеете да изберете квалитетен производ, а во случај да имате Ваши нови прашања, Ви препорачуваме да се обратите, односно да стапите во контакт со EFWA. info@ewfa.org

Енергетска ефикасност
Фатете чекор со новата иницијатива за заштеда на енергија. LLumar фолиите ја намалуваат потрошувачката на енергија во згради и возила, а со тоа и емисијата на CO2 во воздухот.

>> повеќе за автомобили >> повеќе за градежни објекти
Безбедност и сигурност
Во денешно време криминалот, вандализмот, тероризмот, природните непогоди и секојдневни несреќи се грда реалност. LLumar фолиите ви пружаат одлична можност да ја контролирате, па дури и да ја елиминирате опасноста и штетата што ја предизвикува скршеното стакло...

>> повеќе за автомобили >> повеќе за градежни објекти
Декор & Дизајн
Со декоративните фолии на LLumar како и со GrafiWrap Автомобилски & Декоративни фолии може да се постигнат неверојатни естетски ефекти за декорација и извонреден дизајн на било која сталена површина, парче мебел или на Вашето возило...

>> повеќе за автомобили >> повеќе за градежни објекти
FoliWorld
Трета Македонска Бригада 68
1000 Скопје, Р.Македонија
02 244 3883, 078 305 228
info@folii.mk
Понеделник - петок: 8:30 - 4:00
Сабота: 9:00 - 2:30

Менаџер за инсталација
Горан Антиќ
078 305 228
goran@folii.mk

FoliWorld on Facebook
Индустриски партнери на LLumar